Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.