Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од -1 до 9 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Во четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.