Од ЈКП „Комуналец“ - Гевгелија известуваат дека заради изместување на водоводна линијана ул.1-ви Мај во Гевгелија од 08:00 часот прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од  улиците 1-ви Мај, Мирче Ацев, Рајко Жинзифов, Илија Миов, Загребска, Јосиф Јосифовски, Ристо Фршинин и Кирил и Методиј.

Од ЈКП Тетово известуваат дека поради сериозоен дефект на водоводната линија “Лешница“, дотокот на вода во градските резервоари во Тетово е драстично намален и изнесува околу 150 л/с и истиот не е доволен за редовно водоснабдување на граѓаните. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење на сите граѓани, од 24.02.2021 година на сила се рестрикции на водоснабдувањето и тоа од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 часот и од 00:00 до 05:00 часот. Работниците од претпријатието  "Водовод и Канализација" се максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот. Поради тоа што дефектот е на голема надморска висина и лош терен, а условите за работа се екстремни, се очекува истиот да биде саниран најрано до сабота.

Од ЈКП „Комуналец“ – Свети Николе известуваат дека поради дефект на главна водоводна цевка на ул.„Крсте Мисирков“ прекинато е снабдувањето со вода за пиење во таканаречената горна зона на градот. ЈКП работи на отстранување на дефектот и градот ке добие вода за пиење по завршувањето на работите.