Од ЈП “Водовод и канализација” Скопје известуваат дека поради промена на затварач на ул.Ванчо Мицков бр.26, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул.Ванчо Мицков (општина Карпош).
Од ЈКП Тетово известуваат дека во Тетово водоснабдувањето се одвива отежнато, вода има во утринските и во вечерните часови, додека преку целиот ден градот е без вода. Причината е во намалените количини на вода и наглото намалување на температурите, ладното време и снегот кои предизвикале смрзнување на изворите на Шар Планина. Намалени се количините на вода кои стигаат до градскиот водовод, а со тоа е многу мал и притисокот кој ја носи водата до домаќинствата. Од потребните 300 литри во секунда, дотокот на вода е намален на 80 литри, така да зградите кои немаат хидрофор не можат да створат притисок за да стигне до домаќинствата. Во наредниот период ќе почне со топење на снегот и состојбата ќе се нормализира.

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 01.04.2021 година (четврток) поради изведување на водоводне приклучок од Ф – 150 мм  на ул. Дрезденска бр.13, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Дрезденска, Алжирска, Њуделхиска, Бахар Моис, Каирска, Римска, Атинска, Панче Пешев и Наум Евро. ( општина Карпош )

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 30.03.2021 г. поради технички зафати на водоводната мрежа без водоснабдување ќе останат:

- поради уличен дефект на цевка со пречник од Ф-80мм на ул. Васил Стефановски бр. 7а, во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. 29ти- Ноември до ул. Петар Поп Арсов, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до 15:00 часот. (општина Центар);

- поради уличен дефект на цевка со пречник од Ф 200” (цол) на ул. 16 Македонска Бригада бр. бб до помошен терен на ФК Скопје,  нас. Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. 16 Македонска Бригада, дел од ул. Коце Металец, амбулантата Ремедика и Поликлиника Железара. Прекинато водоснабдување ќе биде од 08:30 часот  до завршување на санацијата. (општина Гази Баба);

- поради уличен дефект ф- 80мм на ул. Варшавска бр. 9  н. Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Варшавска, ул. Ташкенска, ул. Хелсинки и Мексичка од 09:00 часот до завршување. (општина Карпош);

- поради изведување на водоводен приклучок од Ф 150”  на ул. Миле Попјорданов бр. 33б во н. Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат  корисниците од ул. Миле Поп Јорданов и ул. Џумајска од  11:00 часот  до завршување. (општина Карпош);

 

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 26.03.2021 (петок),  поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100 мм на ул. Димо Хаџи Димов 25,без водоснабдување од 09:00 часот ќе останат корисниците на дел од  истата улица како и од ул.Локов.  (општина К.Вода)