Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде претежно сончево и тивко. За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.