Печати

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:20 часот на ден 19.01.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има Тетово – с.Лисец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Посети: 91