Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:20 часот на ден 18.01.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 40 -  50м. има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 30 - 50м. на патните правци Велес – Скопје и Скопје – Велес, од 50 - 100м. на патниот правец Демир Капија – Миравци, од 10 – 15м. на патниот правец Тетово – с. Гајре, од 70 – 80м. на патниот правец Кичево – М. Брод, од 50 – 60м. на патниот правец Штип – Неготино, од 50 – 100м. на патните правци Кочани – М. Каменица и Виница – Берово, од 100 – 150м. на патните правци Битола – Прилеп,  Дебар – Струга и Ресен – Охрид и до 100м. на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.