Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 17.01.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м и Охрид до 30м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.