Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 13.11.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Виадукт трејд известува  дека денес на ден 13.11.2019 година  ќе се започне со  изведување  геодетско снимање на дел од бул. 8ми Септември од крстосница со бул. Илинден до крстосница со бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 4(четири) дена.

На неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.