Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 12.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Доо ПРО - ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски,со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1, А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром - Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год. (сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07.00 до 18.00 часот почнувајќи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

Исто така и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.