Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 11.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Вијадукт Трејд известува дека на ден 10.10.2019 (денес) ќе се започне со изведување  градежни активности при поставување на индуктивни јамки на магистрален пат А2 Групчин - Тетово, во времетраење од 2 (два) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Доо ПРО - ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски,со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1,А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром - Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год.(сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07.00 – 18.00 часот почнувајчи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

Исто така и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.