Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 08.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Поради изведување на асфалтерски работи на регионалниот пат Р 2344 на делницата нас. Чашка - Голозинци од 08.10.2019, секој работен ден освен во недела од 10 до 16 часот во наредните 12 дена патот ќе биде затворен за сообраќај.

На ден 07.10.2019 започна изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален пат 1109 Гевгелија - Богданци, во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Исто така и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.