Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 07.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Виадукт трејд - ДООЕЛ известува дека на ден 04.10.2019   ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар - Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Исто така и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.