Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 03.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија Пат известува дека на регионалниот пат Р-2249, Мелнички мост – Центар Жупа, делница Брештани – Житинани, од 02.10.2019 година, поради изведување на градежни работи (асфалтирање), сообраќајот повремено (20 – 30 мин.) ќе биде во прекин. Работите ќе се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот во наредните 20 дена. На местото на работата ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Исто така и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.