Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 02.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Македонија Пат известува дека на регионалниот пат Р-2249, Мелнички мост – Центар Жупа, делница Брештани – Житинани, од 02.10.2019 година, поради изведување на градежни работи (асфалтирање), сообраќајот повремено (20 – 30 мин.) ќе биде во прекин. Работите ќе се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот во наредните 20 дена. На местото на работата ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ известува дека на ден 01.10.2019 година започато е со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на патниот правец Прилеп – Дреново (Плетвар), во времетраење од 2 (два) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај. Исто така и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.