Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 01.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Oд 30.09.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Магистрален пат А2, Крива Паланка - Граничен премин Бугарија , во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

АМСМ известува дека и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.