Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 29.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А3, делница Битола – Меџитлија, дека на ден 30.09.2019 година (понеделник), во период од 12:00 до 16:00 часот ќе се вршат мерења на патот со користење на специјално мерно возило, сопственост на Јавното претпријатие за државни патишта. Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.   

АМСМ известува дека и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.