Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 16.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од 13.09.2019 г.  се започна со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница - Дебар - г. п. Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Од (Петок) 13.09.2019 г. започнa изведување на градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица - Валандово, Клучка Куклиш, во временски период од 30 календарски денови.

АМСМ известува дека и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.