Во извештајот добиен од АМСМ во 06:30 часот на ден 27.03.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на  Попова Шапка и Маврово и планинските премини Пресека и Стража. Намалена видливост, поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на планинските премини Пресека и Плетвар. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 26.03.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, додека на некои од повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато. Поради појава на магла има намалена видливост на Попова Шапка до 20 метри и на планинскиот премин Плетвар од 50 до 80 метри.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 25.03.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на патниот правец Крива Капалнка – ГП Деве Баир, каде има и остатоци од кашест снег на коловоз. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:30 часот на ден 24.03.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Стража, Кула, Плетвар, Ѓавато, Маврово, П.Шапка, Пресека, ГП Делчево и Крива Капалнка – ГП Деве Баир. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот сообраќај се одвива редовно, освен на релацијата Велес – Битола каде поради одрон на пругата во близина на железничката станица Мартолци (опш.Чашка), од 23:00 часот на ден 15.03.2020 година железничкиот сообраќај е во прекин.

За новиот возен ред според новонастанатата состојба во државата, граѓаните можат да се информирааат во МЖ.

Меѓуградскиот автобуски сообраќај се одвива редуцирано, а меѓународниот воопшто не се одвива.

Авиосообраќајот се одвива согласно спроведените вонредни мерки.