Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 10.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Виадукт Трејд известува дека од 10.09.2019 година ќе започнат со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 20.08.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути, на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Виадукт Трејд исвестува дека на ден 19.08.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар - Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 19.08.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 18.08.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.