Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 05.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Заради одрон на пругата помеѓу Клисура и Миравци од 16:15 часот на ден 04.04.2020 до 02:00часот на ден 05.04.2020 година железничкиот сообраќај на релацијата Гевгелија– Скопје и обратно беше во прекин.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 04.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради новонастанатата состојба со корона вирусот одвивање на железничкиот патнички сообраќај од Скопје кон Куманово е прекинат.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 07:45 часот на ден 03.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 02.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Од 08:10 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Од раните утрински часови укинати се и забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.