Во извештајот добиен од АМСМ во 06:30 часот на ден 23.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 22.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ известува дека и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:20 часот на ден 20.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Г.П. Илинден - Струга известува дека на 20.09.2019 (петок) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата од Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути помеѓу 11.00 и 14.00 часот поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Во извештајот добиен од АМСМ во 18:00 часот на ден 17609.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Фабрика Карпош - АД Скопје  известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп - Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.