Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 16.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од 13.09.2019 г.  се започна со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница - Дебар - г. п. Блато, во временски период од 30 календарски денови.

Од (Петок) 13.09.2019 г. започнa изведување на градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што има времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица - Валандово, Клучка Куклиш, во временски период од 30 календарски денови.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 14.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 13.09.2019 година започнато е со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – г.п.Блато, во временски период од 30 календарски денови. Исто така започнато е со изведување на градежни активности за подобрување на состојбата на осветлувањето (поставување на канделабри) со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица – Валандово (клучка Куклиш), во временски период од 30 календарски денови.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 13.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А1, делница Фаришка клисура – Прилеп, дека на ден 13.09.2019 година, во период од 10:00 до 17:00 часот ќе се вршат мерења на патот од страна на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта. Мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 11.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.