Од рудници „Бањани“  известуваат дека во периодот до крајот на месецот, само во работни денови, од нивна страна ќе бидат изведени по две минирања во периодот меѓу 09:00 и 10:00 часот и 13:00 и 14:00 часот.

Од Руд Проект известуваат дека на ден 20.08.2019 година во периодот од 08:00 до 16:00 часот на површионскиот коп за калцитски мермер „Зелениковец“ – Говрлевска Краста – Скопско, ќе вршат минирање.

Од Рудопроект ДОО, Скопје известуваат дека дека за потребите при изградбата на експресниот пат А2 Ранковце – Крива Паланка, во близина на с.Гиновци, од нивна страна ќе се изврши минирање.

Датумите за минирање се следниве:

- 21.08.2019 година во периодот од 10:00 до 18:00 часот на стационажа 11+845 до 11+820.

- 22.08.2019 година во периодот од 10:00 до 18:00 часот.

- 23.08.2019 година во периодот од 10:00 до 18:00 часот на стационажа 11+820 до 11+795.