Во текот на вчерашниот ден интервенирано е на пожар на отворен простор во атарот на с. Панчарево (опш. Пехчево). Зафатена е млада борова шума, нискостеблеста растенија и сува трева. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипа на ШС-Равна река –Пехчево и лица од месното население. Со гаснење на пожарот ќе се продолжи и во денешниот ден.

Пожарот во атарот на с.Присад (опш.Прилеп), кој започнал на 15.10.2019 година. во 14:05 часот е изгаснат во 18:45 часот на ден 17.10.2019 година. Опожарена е нискостеблеста деградирана дабова шума и смрека. Во текот на вчерашниот ден интервенирале екипи на ТППЕ Прилеп, ЈКП Водовод и канализација – Прилеп и ЈКП Комуналец – Прилеп.