Пожарот во атарот на с.Присад (опш.Прилеп), сеуште е активен. Гори нискостеблеста дерадирана дабова шума и смрека. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Прилеп со 8 пожарникари со теренски возила и ШС Црн Бор – Прилеп со 6 вработни, како и 2 лица од Управата на манастирот „Св.Ѓорѓија“. За денес планирано е да се испратат екипи од вкупно 30-тина лица (од ТППЕ Прилеп, ЈП „Национални шуми“ – Прилеп, и од други јавни претпријатија од Прилеп).