Печати

Битолски регион

Пожарот во атар  на селата Мусинци и Мојно повторно е активен. Во гаснењето на пожарот интервенирале 6 пожарникари со 3 ПП возила. и се интервенира да не се прошири према с. Црничани. Интервенирале и 30 лица од месното население. Во негово гаснење ќе с епродолжи во текот на денешниот ден.

Пожарот кај с. Потурус е сеуште активен. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале 10 пожарникари со 2 ПП возила и 4 лица од месното насление.

 

Охридски регион

Во текот на вчерашниот ден во период од 00:05 до 12:00 часот ТППЕ Охрид интервенирале на шумски пожар во атарот на с. Цер, место викано Турла. Во гаснењето на пожарот интервенирале  10 вработени од ШС Лопушник и 2 пожарникари со 1 ПП возило  од ТППЕ- Кичево. Пожарот е под контрола.

Во период од 12:10 до 18:00 часот ТППЕ - Кичево интервенирале  во атар на Трапчин Дол во место Колибари поточно Буковиќ Вардини каде гореше ниско стеблеста шума, смрека и дабова шума. Пожарот е ставен под контрола. Во гаснењето интервенирале 6 пожарникари со 3 ПП возило од  ТППЕ Кичево, 10 лица  од ШС Лопушник, неколку луѓе од месното население и имало 10 налети со авиони.

Посети: 50