Состојба со корона вирусот во земјата за ден 10.11.2020 година:

- Број на на нови случаи во последното деноноќие – 947;

- Број на излечени – 691;

- Број на починати – 30;

                                                                                                                         

Вкупната состојбата со Ковид 19 заклучлно со ден 10.11.2020 година изнесува:

- Вкупен број на потврдени случаи – 41.222;

- Денови од последното пријавување на потврдени случаи - 0

- Вкупен број на излечени лица од COVID–19 – 24.920;

- Вкупен број на смртни случаи од COVID–19 – 1.186;

 

- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk.

 - Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;   

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјата со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0.

Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала.

Од МО- ГШ на АРМ известуваат дека на ден 11, 17 и 24.11.2020 година во време од 09:00 до 15:30 часот, на стрелиштето “Леково” ќе се реализира боево гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Се предупредуваат сите лица кои по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето доколку најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги фаќаат и за тоа да ги известат органите на МВР и командата на гарниозонот во Прилеп.

 

Состојба со корона вирусот во земјата за ден 09.11.2020 година:

- Број на на нови случаи во последното деноноќие – 515;

- Број на излечени – 1194;

- Број на починати – 20;

                                                                                                                         

Вкупната состојбата со Ковид 19 заклучлно со ден 09.11.2020 година изнесува:     

- Вкупен број на потврдени случаи – 40.275;

- Денови од последното пријавување на потврдени случаи - 0

- Вкупен број на излечени лица од COVID–19 – 24.229;

- Вкупен број на смртни случаи од COVID–19 – 1.156;

 

- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk.

 - Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;