Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерта,на 12.11.2020 година во 22 часот и 02 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје. Земјотресот беше солокална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

 

Состојба со корона вирусот во земјата за ден 11.11.2020 година:

- Број на на нови случаи во последното деноноќие – 1321;

- Број на излечени – 433;

- Број на починати – 26;

                                                                                                                         

Вкупната состојбата со Ковид 19 заклучлно со ден 11.11.2020 година изнесува:

- Вкупен број на потврдени случаи – 42.540;

- Денови од последното пријавување на потврдени случаи - 0

- Вкупен број на излечени лица од COVID–19 – 25.353;

- Вкупен број на смртни случаи од COVID–19 – 1.212;

 

- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk.

 - Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;

Од ДЗС – Битола известуваат дека во атарот на с.Брод пронајдена е една артилериска граната од 75мм од првата светска војна, и истата е подигната и безбедно складирана од стручно лице од ДЗС Битола.

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 11.11.2020 година во 15 часот и 25 минути, регистрира уште еден земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на  50km југозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML5.0.

Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет V, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со III-IV степени според истата скала.

Во текот на вчерашниот ден на телефонскиот број 195 неколку граѓани имаат пријавено оштетување на куќи. Податоците ќе се прибираат и во наредните неколку дена. Во утринските часови екипи од ИЈЗ Гостивар ќе земат мостри од водата за пиење.

Како последица на земјотресот, заради одрон на патот, во прекин беше сообраќајот на патниот правец Дебар – Марвово кај бањите Косоврасти. Сообраќајот е нормализиран околу 18:00 часот.