Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на ден 12.11.2019 година во 15:27 часот регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 125 km јужно од Скопје, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Од ЦЈЗ-Прилеп известуваат дека бактериолошки и физичкохемиски се неисправни водите за пиење во следните населени места: Л.В.с.Сланско–двор, с.Модриште-продавница, с.Самоков – продавница, ОУ с.Д.Манастирец, с.Манастирец-продавница, с.Пласница-продавница, ОУ с.Пласница, с.Преглово-здравствена станица. Додека само бактериолошки се неисправни водите од Регионалниот водовод с.Лисичани – двор и ОУ „Б.Миладиновци„ с.Самоков.

Од Центарот за Јавно Здравје-Охрид известуваат дека водата за пиење во следните села е неисправна за пиење и потребно е нејзино хлорирање: Куратица, Свињишта, Завој, Речица, Опеница, Сирула, Вапила, Косел.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 08.11.2019 година во 04:39 часот регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 65 km јужно од Скопје во подрачјето на Прилеп.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала