Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе биде магливо и студено со ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а во местата со магла од -1 до 3 степени.

Во Скопје, умерено облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта условите за магла ќе се зголемат. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.