Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност  и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.  Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава. Ќе дува  слаб ветер од јужените правци.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.