Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 1 до 10 а дневната од 23 до 30 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.