Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде претежно сончево со локална облачност и со услови за појава на утринска магла по котлините. Потоа ќе преовладува променливо и врнежливо време. Од ноќта кон вторник од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег. Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на повисоките места. Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во западните делови и на југ.

Од УХМР известуваат дека денес претпладнево времето ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Од УХМР известуваат дека денес претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето со магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат од вторник.

Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини претпладне со ниска облачност, магливо и постудено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.