Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 20.10.2020 година (вторник) поради дефект на затварач Ф-300мм. и Ф-80мм.на ул.Ферид Бајрам пред Трудова Медицина . Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Ферид Бајрам, Трудова Медицина, Поликлиника Чаир, бул. Христијан Тодоровски Карпош, Населба Бутел 2, и со намален притисок ке бидат корисниците од населбата Чаир и Скопје Север. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на дефектот.  (општина Чаир , Бутел)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека поради уличен дефект од Ф-150мм на бул.Александар Македонски бб во нас.Автокоманда, од 09:00 до 22:30 часот прекинато водоснабдување имаа корисниците на дел од Бул.Александар Македонски, дел од 16та-Мак.Бригада, ниската зона од ул.Јани Лукровски зг.4, 6, 8, дел од ул.Благоја Стефковски, СУЦ Коце Металец, додека со намален притисок беа некои делови од  населбите Маџари, Автокоманда и Сингелиќ (опш.ГазиБаба). Дефектот е делумно отстранет и на истиот повторно  ќе се работи на ден 18.10.2020  во истиот термин. Исто така, поради дефект Ф-80мм на ул.Груица Војвода 1/2 во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зг.5 и 6 и 30 куќи околу зградите. Водоснабдувањето е прекинато од 00:25 часот. На отстранување на дефектот ќе се работи денес од 08:30часот (опш.Бутел)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 17.10.2020 година (сабота) поради реконструкција на  водоводна мрежа од Ф 150“ на бул.Александар Македонски бб, водоснабдувањето ќе биде намалено од 09:00 часот до завршување на дефектот а со намален притисок  ќе бидат корисниците од населбите Автокоманда, Маџари и Сингелиќ (општина Гази Баба).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 16.10.2020 година (петок), поради реконструкција на водоводна мрежа ф 5/4“ на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов крак 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Митрополит Теодосиј Гологанов делот каде што се куќите (потегот од семафорите до ТЦ. Олимпико) од 09:00 часот до завршување. Исто така, поради чистење и дезинфекција на резервоарот во населеното место Кучевачка Бара, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од Кучевачка Бара во периодот од 09:00 до 14:00 часот. (општина Чучер Сандево);